Законот за амнестија треба да дефинира кои кривични дела ќе ги опфати

364

Амнестија за насилниците не смее да има, насилниците не смеат да бидат амнестирани. Кога се прави закон за амнестија се прави по конкретни членови. Во законот за амнестија треба да се дефинира точно кои кривични дела врз основа на Кривичниот законик би ги опфатло, изјави министерката за правда Рената Дескоска Треневска.

Министерката рече дека ресорот правда не подготвува закон за амнестија за настаните во Собраниоето од 27 април и дека такво решение најверојатно подготвува собраниското тело за помирување.

– Ако спроведувате закон, секој кој влегол во Собранието неовластено со упад, без оглед дали извршил насилство, треба кривично да одговара – вели Дескоска Треневска.

Според министерката, факт е дека против сите тие лица не се водат кривични постапки.

Дескоска рече дека веќе има осудени лица за насилствата во Собранието, алудирајќи на напаѓачите на вицепремиерката и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и на пратеникот Зијадин Села. Таа додаде дека не знае кои кривични дела ќе бидат опфатени со законот за амнестија.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...