Модерна, професионална и ефикасна служба за надворешно разузнавање, способна во секој момент да се соочува со предизвиците, предвидува новиот закон за Агенција за разузнавање кој вчера Владата го прати на усвојување во Собранието на Република Северна Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, на предлог на Министерството за правда, Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенција за разузнавање, и донесе одлука да биде пуштен на усвојување до пратениците.
„Со донесувањето на новиот закон за Агенција, конечено ќе се заокружат започнатите реформи во безбедносниот систем во Република Северна Македонија, како предуслов за влез на државата во НАТО. Ова е во полза на националната безбедност и граѓаните воопшто“, се наведува во соопштението.