Заклучоците од Европскиот совет во фокусот на дискусијата на Мицотакис и Заев

140

За актуелните прашања и темите од заемен интерес, разговарале Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев на нивната средба во рамките на Самитот во Солун, со фокусот ставен на заклучоците од Самитот на ЕУ, според соопштението од кабинетот на грчкиот премиер, јави дописничката на МИА од Атина.

– Дискусијата се фокусираше на неодамнешните заклучоци од Европскиот совет на 17 и 18 октомври, а при што премиерот ја потврди долгогодишната позиција на нашата земја за поддршка на европската политика за проширување со Западен Балкан, што ќе придонесе за обезбедување мир, стабилност и просперитет во поширокиот регион. Исто така спомена дека Грција играше и ќе продолжи да игра активна улога во секоја насока за да се обезбеди овој тек. Мицотакис ја повтори неговата критика за Договорот од Преспа, но истакна дека од моментот кога ги обврзува двете земји е предуслов за европски тек, треба да се спроведе и да се избегнуваат постапки кои ја одржуваат тензијата, соопштуваат од кабинетот на грчкиот премиер.

Оттаму додаваат дека двајцата премиери се согласиле дека зацврстувањето на добрососедските односи како и регионалната соработка остануваат суштински критериуми за сите фази на пристапниот процес, но и за зајакнување на нашите билатерални односи.

Мицотакис и Заев ја изразиле заемната волја за развој на економските и трговски односи меѓу двете земји, како и за спроведување на проекти што би ја олесниле поврзаноста во регионот во корист на билатералната трговија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...