Закинтос се поместил за три сантиметри по земјотрес

296

Грчкиот остров Закинтос се поместил за најмалку три сантиметри кон југозапад по силниот земјотрес од 6,4 степени во петокот.

– Тоа е заклучено врз основа на дигитална обработка и анализи на снимки од сателитот на ЕУ и ЕСА Сентинел-1 на сервисот Коперникус – изјави за грчката агенција АНА директорот на секторот за истражување на Институтот за геодинамика во Атинската национална опсерваторија, Атанасиос Ганас.

Поместувањето е претежно воочено на хоризонтално ниво додека верикално поместување не е регистрирано. Ганас додаде дека научниците моментно анализираат дали земјотресот предизвикал поместувања и во околни области.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...