Закерберг не кажува во кој хотел спие (ВИДЕО)

Вие имате право на приватност, му возврати сенаторот Дурбин на Закерберг. 

1562

На прашање на сенаторот Дик Дурбин во кој хотел преноќил, основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, не сакаше да одговори.

На прашањето дали би ги споделил имињата на лицата со кои контактирал во претходните денови, Закерберг, исто така, одговори дека не би ги споделил.

– Токму за тоа се работи. Вие имате право на приватност – му возврати сенаторот на Закерберг.

Втор ден трае сослушувањето на Закерберг пред сенаторите во американскиот конгрес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...