Шефот на Фејсбук, Марк Закерберг, во Белата куќа имаше „конструктивна средба“ со американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти компанијата, а на состанок во Конгресот ја отфрли идејата за продажба на Инстаграм и Ватсап.
Закерберг се состана со „креаторите на политики за да слушне што ги загрижува и да разговараат за регулирање на Интернет во иднина“, рече портпаролот на Фејсбук.
– Тој во четвртокот во Белата куќа имаше конструктивна средба со претседателот Трамп – објави Даниел Робертс.
Трамп твитна дека имал „пријатна средба со Марк Закерберг во Овалната канцеларија“, без да прецизира детали.
Закерберг, кој го посети Капитол Хил минатата година и сведочеше пред американскиот Конгрес во врска со скандалот со Кембриџ аналитика, се состана синоќа пред средбата со Трамп со бројни републиканци, вклучувајќи ги и сенаторите Џош Холи и Џон Корнин. Холи твитна дека од Закерберг бара да покаже дека компанијата е сериозна во врска со пристрасноста, приватноста и конкуренцијата во врска со продажбата на Ватсап и Инстаграм и овозможување на независна трета страна надзор над цензурата.
Фото: EPA/YOAN VALAT