Пејачката Татјана Лазаревска вели дека добива заканувачки пораки поради тоа што поединци ја помешале со војникот Татјана Лазаровска.
– Јас сум само естраден уметник кој не ја дели својата публика и кој не го интересира политика воопшто. Заради совпаѓање со името и недоволно разбирање на текстот, почнав да добивам и заканувачки пораки, кои многу ме вознемирија. Јас сум секогаш против јавен говор на омраза. Ширете љубов, а не омраза – напиша Лазаревска на Фејсбук.
Војникот Татјана Лазаровска можно е и кривично да биде гонета за говор на омраза, откако од нејзиниот Фејсбук профил осамна повик да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.