Заедно напред: Не е точно дека бил закажан ТВ дуел на Телма, Силјановска лаже

893

Силјановска повторно лаже и се служи со невистини. Воопшто не е точно дека бил закажан ТВ дуел на Телма телевизија. Ваквите невистини не можат да ја покријат Сиљановска од нејзиното реално и вистинско бегање од „Жешко столче“ на истиот медиум, велат од Изборниот штаб на Стево Пендаровски, кандидат за претседател.

„Во очекување на официјален демант од споменатиот медиум за невистините на Сиљановска, во прилог ja доставуваме писмената покана, во којашто јасно се наведени неколку термини за одржување на телевизиското соочување кое се уште не е закажано“, велат од Изборниот штаб на Пендаровски од каде што до медиумите доставија и официјална покана за дуел од телевизијата Телма.

Претходно, кандидатката за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова по откажувањето на дебатата се огласи на својот Твитер профил.

„Навистина жалам што Стево ја откажа дебатата планирана за денес на Телма. А можеше да научи нешто за ЕУ.“

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...