Колев: Револуционерна е идејата за заеднички дипломатски претставништва на Македонија и на Бугарија

636

Ставот на претседателот на ГДУ, Петар Колев, го објавуваме интегрално:

 

Идејата за заеднички дипломатски претставништва на Р. Македонија и на Р. Бугарија по моделот на скандинавските земји е револуционерна идеја за нашите балкански простори. 

Искрено сметам дека идејава треба да биде прифатена поради неколку аспекти:

1. Економски е издржливо и корисно, не гледам зошто МНР на Македонија да не заштеди дел од средствата предвидени за купување или изнајмување на дипломатски претставништва.

2. Праќа јасна порака дека ние Балканците се стремиме кон модерни и европски вредности и сме готови да прифатиме функционални идеи кои се спроведени во еден од најразвиените делови на Европа- Скандинавскиот Полуостров.

3. Сметам дека македонската дипломатија ќе испрати јасен сигнал за својата позиционираност, бидејќи на соодветните згради би се вееле знамињата на Република Македонија и Република Бугарија, но заедно до нив ќе се и знамињата НАТО и на ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...