Го видовме нашето место на мапата членки на #НАТО. 30-тото место е за Македонија. 30-тиот јарбол е за македонското знаме, напиша Заев на неговиот Фејсбук профил по заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Столтенберг изрази надеж дека на Самитот на НАТО на 11 и 12 јули, лидерите на земјите членки ќе нѐ поканат да почнеме раговори за пристапување.
Сепак, тој нагласи дека без финализирање на договорот Македонија нема да може да се приклучи во НАТО. Очекува граѓаните на Македонија да ја препознаат шансата и да ја искористат.