Премиерот Зоран Заев ќе присуствува на големата граѓанска прослава „Одиме напред – Македонија во НАТО и ЕУ“, во Битола, соопштија од прес службата на Владата.
На прославата не е предвидено премиерот да зборува, но ќе даде изјава пред хотелот „Епинал“ во Битола.
Според програмата на оранизирање на прославата во 15 градови во земјава, вечерва во Битола ќе настапат неколку локални диџеи и Дуке Бојаџиев.