Заев: Ќе ја испочитуваме Венецијанската комисија за Законот за јазиците, укажувањата ќе се ревидирааат од Министерството и експертите

Никој не сака да загуби предмет на суд или да биде неправично осуден, односно самата пресуда да не стигне, или каква било граѓанска постапка поради тоа што одредено друго право било надминато поовеќе од црвените линии, па правото на правда било нарушено. Тоа не смееме да го дозволиме. Секако сите други укажувања ќе ги адаптираме, истакна Заев.

438

Укажувањата на Венецијанската комисија за Законот за употребата на јазиците ќе ги испочитуваме и ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Венецијанската комисија го кажува и потоа ќе се прати во Парламентот за негово донесување, изјави премиерот Зоран Заев денеска во Прилеп, каде беше на увид на работите на клучката кај Технолошко-развојната индустриска зона.

-Уште кога дебатиравме и со самото донесување на Законот, рековме дека ќе ја чекаме Венецијанската комисија и ќе ја испочитуваме. Затоа намерата е да ја испочитуваме Венецијанската комисија која е добар репер за сите законски решенија од областа на правото и е прецизна за правосудството. Добро е што се поминува границата на европската употреба на јазиците, но сепак, нарушувате одредено право, а тоа е правото на еднаква, навремена правда и неспречување на правдата. Тоа е врвно човеково право и се однесува, буквално на сите, рече премиерот Заев.

Верувам, додаде тој, дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува.  – Значи ќе се даде конкретно ревидирање од надлежното Министерство за правда, заедно со експертите, на прецизен начин како што тоа Веницијанската комисија го кажува и потоа ќе се пушти во Парламентот за негово донесување. Во разговорите учествуваа Министерството за правда, потпретседателот на Владата за европски прашања, мојот кабинет, одржавме неколку состаноци, неодамна беше и генералниот секретар на Венецијанската комисија, така што, сме усогласени, рече Заев.

Како што реќе, СДСМ е авангардата за донесувањето на овој закон, заедно со коалицискиот партнер и дека поддршка дале и другите албански политички партии, но и другите партии од помалите етнички заедници, зашто тоа е придобивка за сите.

Премиерот Заев посочи дека станува збор за Закон за употреба на јазиците, онака како што предвидува Уставот.

Тој нагласи дека законските решенија се авангардни дури и за европските конвенции и дека Законот за употребата на јазиците не е за да се прави тензија, туку да се разбираме сите и да се почитува Уставот.

– Не беше одамна кога го донесовме Законот за употреба на јазиците. Прво направивме авангардна, проевропска одлука, согласно со Уставот кое беше обезбедено за граѓаните, но со Закон не беше дозволено. Тоа го овозможивме. Функционира повеќе од една година. Почитувани прилепчани, струмичани, гевгеличани, гледате дека не мора да се учи албански, се разбира, освен оној кој сака да ги усовршува знаењата. Да ја разбиеме таа лоша теза која предизвикуваше одредени националистички нетрпеливости во државава. И самата Венецијанска комисија кажува дека Законот е авангарден. Дури ги поминува одредените европски конвенции во делот на правата на употребата на јазиците. Јазиците се да се разбереме, рече Заев.

Тој изрази уверување дека парламентарното мнозинство до крај тоа ќе го испочитува. – Тоа ќе го направи СДСМ сигурно, а верувам сигурно тоа ќе го направат и нашиоте коалициски партнери зашто разговараме за оваа работа. Никој не сака да загуби предмет на суд или да биде неправично осуден, односно самата пресуда да не стигне, или каква било граѓанска постапка поради тоа што одредено друго право било надминато поовеќе од црвените линии, па правото на правда било нарушено. Тоа не смееме да го дозволиме. Секако сите други укажувања ќе ги адаптираме, истакна Заев.

Министерството за правда, како што рече, ќе ги подготви измените, уште еднаш ќе се испратат за да се каже (Венецијанската комисија) дали е тоа – тоа за да може соработката да ја потврдиме и ќе се пушти во Парламентот за тој да го констатира.

-Така, верувам дека транспарентноста е здрава за сите. Дури, ваквите авангардни решенија носат права, поголем квалитет на животот за сите во нашата мултиетничка земја. Дефинитивно сакаме да бидеме европска земја и Венецијанската комисија треба да ја почитуваме, рече премиерот Зоран Заев. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...