Заев: Ќе сведочам за „Монструм“ ако судот побара

420

Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене, рече премиерот Зоран Заев. Во врска со изјавите на семејствата на убиените деца и обвинувањата против него дека ги крие бомбите за „Монструм“, Заев рече дека сите материјали се предадени од СДСМ до надлежните.

За тврдењата за разговор помеѓу Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот, и ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, Заев објасни дека во бомбите имало разговор меѓу двајцата, во кој Азири барал субвенции за земјоделство. Заев тоа им го кажал и на родителите на убиените момчиња на средбата со нив. Премиерот додаде дека нема намера да биде истражител и дека остава на судот да си ја работи работата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...