Коалицијата на СДСМ и на Беса ги менува досегашните политики да постојат само етнички партии и ништо друго, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната дебатна емисија на Канал 5.
– Ние имаме намера да направиме коалиција која ќе донесе повеќе од 61 пратеник. Ние сме отворени за сите партии кои сакаат да донесат напрадок. Добредојден е секој којшто верува во истите вредности – рече Заев.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му посака среќа на својот политички опонент, но истакна дека потегот на Заев е чуден и лицемерен.
– ВМРО-ДПМНЕ во минатото честопати зборуваше дека секоја политичка партија која мисли дека може да ја прифати програмата на ВМРО-ДПМНЕ, е добредојдена за формирање коалиција. Тоа што Заев го направи со Беса е малку чудно и лицемерно, но му посакувам среќа. На следните избори ќе има само една македонска политичка партија ВМРО-ДПМНЕ. Чекорот на Заев е да се глуми опозиција во албанскиот гласачки блок – рече Мицкоски.