Не е точно дека само политиките на интеграција во ЕУ и НАТО се политики на Владата. Паралелно се случуваат сериозни реформи во Македонија кои дел заедно ги гласавме. Реформите ќе ги исполниме, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето пред гласањето за реконструкција на Владата.
– Не е чесно да се биде за ЕУ и за НАТО, а да се даваат валкани и провокативни предлози имајќи предвид дека е убаво да се фати датумот кога Европскиот Совет носи одлука и заради тао само ќе прашам дали претходно требаше да одам на референдум јас и мнозинството и за договорот со Бугарија? Не апсолутно не. Се знае што референдумот има како цел, што ратификацијата има како цел и се знае дека волјата на граѓаните е највисока и таа ќе се почитува на крај и затоа да референдумот ќе биде задолжителен не консултативен – рече Заев.