Премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со францускиот премиер Едуард Филип во полски Познан, каде кон крајот на неделата ќе се одржи конференцијата „ЕУ –Западен Балкан“, објави телевизијата Канал 5.
Состанокот на кој главен фокус е отворање на пристапните преговори со ЕУ, е на барање на францускиот премиер. Спор4ед телевизијата, на средбата Заев ќе се обиде да издејствува поддршка од Франција за датум за преговори.
Францускиот претседателот Емануел Макрон синоќа од Брисел порача дека ќе биде бескомпромисен кон каков било вид на роширување на ЕУ пред да се случи длабока реформа на институционалното фунцкионирање на Унијата.