Заев ќе го повлече предлогот да биде министер за финансии

5292

Премиерот Зоран Заев ќе го повлече предлогот истовремено да биде министер за финансии, дознава Плусинфо од собраниски извори.

Седницата за избор на нови членови на Владата требаше да почне во 11 часот, но сѐ уште не е почната токму поради оваа причина.

Според нашите информации, засега ќе нема предлог за нов министер за финансии, но не се знае ни дали Драган Тевдовски ќе остане на функцијата.

Дали има судир на интереси се очекува да се огласи и Антикорупциската комисија од каде, според нашите информации, за кратко време треба да се огласат и со официјално соопштение.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...