Ќе повлечеме неколку чекори во рамките на извршната и нa судската власт, најави лидерот на СДСМ Зоран Заев во идниот мандат.
Меѓу новите предлози во правосудството Заев најави дека судиите кои намерно ќе застарат предмет по автоматизам ќе бидат разрешени. Предметите ќе се следат електронски, а Судскиот совет и Советот на јавните обвинители само ќе треба да констатираат кои судии застариле предмети. Ќе се прави и ревизија на пет остсто на сите судски пресуди во изминат 5 години по случаен избор. Ќе има и законска обврска за јавна објава на сите трошоци на судии, обвинителите, но и на градоначалниците.
Заев најави дека новиот парламентарен состав ќе ги укине патните трошоци за пратениците во Собранието.
Ќе има и награди за пријавители на кривично дело чија пријава ќе биде основана.
Секоја институција ќе има обврска 4 пати во годината да има отворен ден за граѓаните.
Лидерот на СДСМ рече и дека ќе ја намалат јавната администрација за 20 проценти и дека во администрација ќе работат тие што се спремни да им служат на граѓаните.
Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI