Заев: Ќе ги следиме препопраките на Венецијанската, но нема да се враќаме назад

624

Немаме намера да се враќаме назад. Имаме намера секојпат правата коишто се добиени да ги гарантираме, но тие да бидат и практично применливи, порача денеска премиерот Зоран Заев.

– Правото на употребата на јазикот е убаво човеково право, треба да го негуваме, тоа не загрозува никакво друго право на кој било друг етникум или на кој било друг јазик, но ако тоа право загрозува друго право како што е правото на правда, тогаш сите треба и редно е да размислиме. Тоа го препорачува Венецијанската комисија. Така што, самите препораки треба да ги следиме, да ги имплементираме. Начините на имплементација ќе ги издоговориме со институциите – рече Заев во одгово на прашање на презентацијата на иницијативата на Македонско-бугарската и Бугарско-македонската стопанска комора за ново интерконективно гасно поврзување меѓу двете земји преку гасоводот Петрич – Струмица.

Ќе продолжиме како коалиција заедно и со опозициските албански партии коишто учествуваа во ваквото законско решение, посочи Заев, да го изнајдеме решението како препораките од Венецијанската комисија да бидат имплементирани.

– Сите сме согласни дека треба да бидат имплементирани. Како ќе го направиме тоа – ќе имаме работни групи на коишто ќе ги утврдиме следните чекори. Законот има рок на старт на имплементација до април 2020 година. Значи, ние по самото законско решение надвор од Венецијанска комисија мораме да ги унапредуваме капацитети во институциите во државата – рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...