Заев ќе ги води дел од министрите во Франкфурт

Предвидени се средби помеѓу претставници од делегацијата на Владата на Република Македонија и професори и еминентни доктори од Универзитетската клиника, Јохан Волфганг Гете., како и со претставници од Deutsche Bank и со раководствата на неколку успешни германски компании.

478

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев на 13-ти и 14 јуни ќе престојува во работна посета на Франкфурт, Германија.

Во делегацијата ќе бидат и  вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, министерот за здравство Венко Филипче, министерот за финансии Драган Тевдовски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ДТИРЗ, Александар Младеновски.

Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на првиот ден од посетата предвидени се средби помеѓу претставници од делегацијата на Владата на Република Македонија и професори и еминентни доктори од Универзитетската клиника, Јохан Волфганг Гете. Целта е зацврстување и разгледување на можности за продлабочување на соработката со оваа реномирана здравствена установа.

На вториот ден од работната посета премиерот Заев и министрите во Владата на Република Македонија ќе остварат средби со претставници од Deutsche Bank, како и со раководствата на неколку успешни германски компании.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...