Заев ќе ги вдоми разрешените Ахмедовски и Ќахил

Премиерот Зоран Заев соопшти дека не планира поширокс реконструкција на владата.

2151

Министрите Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил кои на предлог на Владата треба денеска да ги разреши Собранието нема да останат без работа. Премиеро Зоран Заев утре ќе разговара со двајцата за да им обезбеди, како што рече, простор за нивен ангажман.

-Ја сум задоволен од нивната работа, но нашите политички партнери од кои доаѓаат двајцата бараат нивна замена и ние го прифаќаме тоа – рече Заев.

Тој соопшти дека не планира поширока реконструкција на владата.

На местото на Аксел Ахмедовски кој беше министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите се предлага да се избере Музафер Бајрам.

Аднан Ќахил на функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции треба да го замени Елвин Хасан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...