Ново видео на кое поранешниот премиер Зоран Заев му ја нуди ќерката за снаа на поранешниот премиер на Грција, Алекис Ципрас за да се постигне Преспанскиот договор е објавено на Твитер.
Заев во разговор со новинарот на телевизија 24 Вести Мишко Иванов вели дека за време на преговорите за потпишување на Преспанскиот договор, Ципрас му рекол дека има нов проблем.
– По саат време разговор вели Зоран уште еден проблем имаме. Кој проблем, нов проблем реков. Што е проблемот. Ми вика: Имаш убава ќерка.Јас му викам: А ти син да не имаш. Ми вели два имам. Му велам еве го бре Алексис ќе го постигнеме сега договорот. Малку ќе попуштита Вие, јас ќе ја дадам ќерката. Ние немаме море ќе дадете еден остров. Така да полека ќе го најдеме решението – вели Заев.
Ова е гадно бе! 😣 pic.twitter.com/Aq1iv7AXT5
— Небиднина NSKRO 74/17 (@nebidnina) January 5, 2020