Според него, за поздравување е секоја иницијатива која придонесува да се направи јасна разлика меѓу новинарската критика и лага.
– Мораме сите ние како граѓани да направиме разлика меѓу критиката која е сојузник и лагата која е непријател на нашето демократско општество. Критичкото новинарство е во основата на едно демократско и отворено општество. Критиката е корисна, а конструктивната критика придонесува кон унапредување и развивање на општеството во сите негови сфери. Затоа манипулацијата и лагата мора да се соочат со отпор. Лагата прави штета, а манипулаторите им штетат и на здравите демократски процеси. Уште повеќе, кукавичлук и лицемерие е оние што во континуитет продуцираат дезинформации и лажни вести да се кријат зад слободата на говорот, посочува Заев.
Тој ја охрабрува новинарската фела, медиумската заедница, колку што може побргу да ги утврди стандардите кои јасно ќе ги дефинираат разликите меѓу критичките новинари и медиуми и пропагандистичките машинерии за лажни вести.