Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Фого (ВИДЕО)

1862

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска заедно со премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска слетаа на носачот на авиони „Хари С. Труман“.

„Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните воени способности на воено поморските сили на САД, кои им служат на американските, но и на сите граѓани на земјите – членки на НАТО Алијансата. Стануваме дел од најмоќната воено-безбедносна и политичка алијанса на светот и во историјата на човечката цивилизација. Северна Македонија припаѓа во најсилниот систем на колективна безбедност. Најсилните земји во светот се наши сојузници, а Северна Македонија е 30та полноправна земја членка на НАТО“, напиша премиерот Заев на фејсбук.

Инпресиите од слетувањето на носачот на авиони, Шекеринска ги напиша на својот фејсбук профил.

„Ден полн со адреналин. Слетавме на носачот на авиони „Хари С. Труман“. Заедно со премиерот Зоран Заев и шефот на парламентот Талат Џафери, таму имавме средба со адмирал Џејмс Фого, командант на американските поморски сили за Европа и Африка и командант на Здружените сојузнички сили на НАТО во Неапол.Тоа беше можност одблиску да се доживеат импресивните капацитети на воздушно поморските сили на САД и на НАТО. Стануваме 30. членка на Алијансата и веќе сме дел од семејството“, напиша Шекеринска на својот фејсбук профил.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...