Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, шансите на опозицијата на избори се никакви, рече денеска на собраниската седница премиерот Зоран Заев.
– Ние постоиме за државата, за неа работиме. Ќе го исполниме целиот мандат и до крајот на 2020 година ќе и дадеме на економијата да оди напред, испланирано и бројките ќе бидат уште подобри. Опозицијата тоа го знае. Со датум за преговори за ЕУ, како земја членка на НАТО, и со добри економски параметри, вашите шанси се никакви за изборите. Нашите шанси се подобри зашто носевме одлуки без разлика на нашите политички кариери, додека некој се криеше и немаше храброст, во име на НАТО и ЕУ интеграциите да направи еден чекор за државата. Само заради сопствените политички калкулации – рече Заев.