Денес им се поклонуваме и ги чествуваме храбрите дејци на македонската револуционерна борба, и горди сме што татковината ја чуваме и афирмираме во светот како место на изградениот и уникатен македонски идентитет, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук по повод Денот на македонската револуционерна борба.
– Учиме од историјата – чекориме силно и храбро кон иднината и во патриотски дух издигнуваме држава признаена од сите, како што се стремеа и дејците на македонската револуционерна борба. Нека е честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!, напиша Заев.