Заев – Чавушоглу: Поддршка за интеграциите и најава за охрабрување нови инвеститори

83

Добрите пријателски односи помеѓу двете земји, посебно во делот на економијата и изразена определба за развој на соработката и за охрабрување на инвеститорите од Турција за нови инвестиции во нашата држава, е констатирано на работниот ручек на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи со министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу, придружуван од турска делегација и од Тулин Еркал Кара, амбасадорката на Република Турција во Македонија.

На состанокот се поздравени постигнувањата на Македонија на планот на интеграциите и се изразени честитки за затворањето на билатералните прашања со соседите. Изразена е поддршка за отворениот пат на нашата држава кон НАТО и кон ЕУ. Исто така, пренесени се поздрави од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган до премиерот Заев.

Заев, ја потврди поканата од претседателот на државава, Пендаровски за посета на турскиот претседател Ердоган, на Република Северна Македонија.

– Овој интеграциски процес има за цел да донесе економски бенефити за граѓаните. Затоа посветено работиме на НАТО и ЕУ интеграциите, но силно сме насочени и кон економијата и на мерките што ќе донесат директни финансиски придобивки за граѓаните. Република Турција е голем пријател и економски партнер на нашата земја и во таа насока гледаме можности да ја продлабочиме соработката – рече премиерот Заев.

На работниот ручек беше констатирано дека реформите во судскиот систем и функционирањето на правната држава се од значење и за граѓаните на земјава и за европските перспективи.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...