Заев: Целиот свет освен Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го признава нашиот прав пат ВИДЕО

Возот тргна на шините, тој на прав пат. Нема излегување од шините, одиме напред, на прав пат, порача Заев од трибината во Штип.

599
На првата граѓанска трибина „На прав пат“ денеска во Штип, претседателот на СДСМ Зоран Заев порача дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните.

– Неразбирливо е како Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да бидат против се, против секоја мерка во интерес за граѓаните. Тие се против ЕУ и НАТО, против реформите, против мерката за поврат на ДДВ, против раст на платите и пензиите, против раст на платите во приватниот сектор, против секоја мерка што враќа пари назад кај граѓаните. Не разбираме како може да се против се против поврат на ДДВ, против ЕУ и НАТО против повисоки плати и пензии, против се, но тоа е нивни проблем – истакна Заев.

Целиот свет го призна нашиот прав пат, само Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против и стојат на страна, порача претседателот Зоран на граѓанската трибина во Штип.
– Ние продолжуваме по вистинскиот, по правиот пат – додаде Заев и порача дека освен обнова на криминалот, ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго.
Конечно имаме право, ги имаме сите причини да добиеме одлука за почеток на прегоговите со ЕУ, да ги отвориме и поглавјата и фондовите, да ги поддржиме компаниите но и младите. Затоа тргнавме со ваква политика, затоа ги решававме односите со соседите, порача Заев на граѓанската трибина во Штип.
– Никој повеќе не не негира како земја, признаени сме од целиот свет. Во седиштето на Европската унија говорев на македонски јазик, признаен од цел свет. Личната карта си ја обезбедивме. Конечно си имаме имотен лист, си имаме држава, која нашите дедовци се бореле, и тоа по мирен пат. Одиме храбро, работиме од љубов, си ја сакаме татковината. Возот тргна на шините, тој на прав пат. Нема излегување од шините, одиме напред, на прав пат – порача Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...