Именувањето на досегашната министерка за труд Мила Царовска на местото на Кочо Анѓушев за нов вицепремиер за економски прашања изненади многумина, но премиерот Заев вели дека верува во нејзиниот успех и во овој ресор, вели премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле, што утре ќе биде објавено.
– Верувам дека менаџментот на, веќе искусната Мила Царовска, во овој сектор и тоа како може да биде успешен. Верувам дека тој ресор, како потпретседател на Владата за економски прашања ќе продолжи успешно да го движи, за да имаме уште поуспешни економски политики, од оние кои ги имаме денес – вели Заев во интервју за Дојче веле.