Храброст ни е потребна за сѐ, и за слобода, и за заштита на животната средина, и за отварање на нови работни места… Храброст денес има на цел Западен Балкан, пријателства се случуваат, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето на панелот Мир и безбедност на Конвенцијата во Стокхолм на Прогресивна алијанса.
Од партијата информираат дека на Конвенцијата Заев бил посочен како прогресивен лидер со ретка храброст кој носи одлуки во интерес на својата држава и граѓаните.
Премиерот посочил на политиките на искрен дијалог, почитување и трпение како чекори низ коишто без конфликт се постигнати меѓуетничката кохезија во земјата, преку концептот Едно општество за сите и добрососедските односи преку храбрите договори со соседите што резултираат со прогрес на нашата држава.
На Конвенцијата на Прогресивна алијанса беше констатирано дека прогресивните социјалдемократски идеи се иднината на светот наспроти популизмот, национализмот и радикализмот. Оценето е дека поддржувачите на оваа опција со право може да се горди, не само поради постигнатото, туку и поради решенијата што ги нуди за иднината. Посочено е дека придобивките се вредност на Европа и светот. Нотирано е дека фокусот и во иднина се младите луѓе, социјалниот дијалог, соработката, солидарноста, еднакви шанси за сите, посветеност на животната средина, нови работни места, иновациите.