Спроведувањето на историскиот Договор од Преспа се одвива според планираното и сега е време сиот напор на политичките процеси во Република Македонија да се фокусира на нагласена имплементација на реформите, за да се овозможи старт на преговорите за членство во ЕУ.
Ова е констатирано на средбата на премиерот Зоран Заев со еврокомесарот Јоханес Хан во Давос. Заев придружуван од вицепремиерот за економски прашања и за координација со економските ресори Кочо Анѓушев и од министерот за економија Крешник Бектеши, во рамките на агендата за време на неговото учество на владината делегација на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, денеска оствари средби и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Во разговорот со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг уште еднаш беа афирмирани пораките за поддршка и охрабрување што и понатаму стигаат од НАТО, да се финишира спроведувањето на Договорот од Преспа, како и очекувањето на почетокот на ратификацијата на протоколот за членство.
Заев потенцираше дека нашата земја е целосно подготвена за тој значаен чин, како еден од двата врвни приоритети на Република Македонија на меѓународен план во 2019 година, соопшти Владата.