Заев: Финансиската состојба на државата е одлична

315

Финансиската состојба на државата е навистина одлична, ликвидноста е супер зголемена, рече денеска премиерот Зоран Заев, кој верува дека сите ќе бидеме креативни да ги користиме државните пари, можности и алатки кои стојат на располагање.

– Она што се отвора како можност со Грција, посебно овој регион, но верувам и цела држава треба да се искористи заради зголемена трговија, производство, пласмани во Грција, за нови инвестиции од Грција во Северна Македонија, заедничко инвестирање и уште многу можности кои се отвараат. Само на тој начин ќе расте Бруто домашниот производ, извозот, новите работни места и платите коишто, посочи, треба да бидат доволно примамливи за нашите граѓани да останат тука и да работат овде – рече тој денеска на средба со бизнис заедницата во Гевгелија.

– Владата планира да ги отвори сите нови фондови како што се ИПА компонетите, фондовите од ЕУ, новата можнот на фондовите од Грција кои што се околу 200 милиони евра, а за нашата земја се меѓу 80 и 90 милиони евра, алатка што Грција ја употребувала во 2005 и беше застаната, замрзната сега пак се отвора и веќе администрациите на двете држави работат во тој правец – нагласи Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...