Јас бев нападнат, со лузни сум на челото, и вие треба да се срамите од тоа, му рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот политички опонент Христијан Мицкоски, на денешната ТВ дебата на Канал 5.
– Во толпата на 27 април луѓето сакаа да ме убијат. Вие бевте советник на Груевски во тоа време. Вие самиот бевте во толпата и треба да се срамите – рече Заев.
Мицкоски му одговори дека истото ова треба да му го каже на чоекот кој ја отворил собраниската врата на 27 април, веројатно мислејќи на независниот пратеник Крсто Муковски.
– Вие се помиривте со тој што ја отвори вратата на Собранието и кој ја пушти толпата во Законодавниот дом. Зошто се помиривте? Затоа што ви беше потребен – одговори Мицкоски.