Премиерот Зоран Заев верува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе исполни се што е договорено во рамките на преспанскиот договор.
Тој на денешната дебата за предложените амандмани на Уставот што се одржа во Штип, забележа дека во духот на имплементацијата на Договорот со Грција, ќе се гради пријателство меѓу двете земји, а не непријателство.
На новинарско прашање, колку неговите изјави за македонскиот јазик се контрапродуктивни за Преспанскиот договор и дали има сознанија дека Грција подготвува анекс на тој дел од договорот, Заев со одговор дека нема таков анекс договор и дека е во постојана комуникација со грчкиот премиер Ципрас.
– Секако, она што е важно мораме да внимаваме од двете страни на реториката. Факт е дека во договорот стои македонски јазик, факт е дека е дел од јужнословенската група на јазици и тоа е нешто што е прифатливо и е дел од договорот, како што е факт дека ние ќе бидеме Република Северна Македонија. Треба да внимаваме заради тоа што нашето право на самоопределување, нашето право на користење на нашиот македонски јазик е прифатено и е признаено од Грција – вели Заев.