Заев: Тимови за спасување и механизација веќе се во Албанија

361
Photo: EPA / MALTON DIBRA

Тимови за спасување и компании од Струшко-охридскиот регион веќе се испратени да помогнат во Албанија по силниот земјотрес, а лекарски тимови ќе добијат инструкции како треба да делуваат, информира премиерот Зоран Заев при учеството на денешната трибина со здравствени работници во Скопје.

– Нашата земја уште од рано сабајле ги донесе сите одлуки да асистира на пријателска Албанија поради трагедијата што се случи. За жал веќе има констатирано седум жртви – рече премиерот.

Тој додаде дека голем број компании од струшко-охридскиот и кичевски регион што работат на патиштата ќе испратат градежна механизација за расчистување.

фОТО: EPA/MALTON DIBRA

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...