Заев: Сe сомневам дека Мицкоски е вмешан во бегството на Груевски

876

Сите знаат дека бегството е помогнато однадвор. Мицкоски направи посета со Вучиќ  и Орбан и не објави за што разговарале, дали тоа таму е договорено? Мицкоски не објави што разговарале и после тоа, се случува ова. Се сомневам дека е вмешан врз основа на сите информации кои ги имам. Зошто чекаше Вучиќ да се врати од Турција? На крајот, сака човекот и политички поени да ќари на човекот на кој му беше советник изјави премиерот Зоран Заев во вечерашното гостување во емисијата „24 Отворено“, одговарајќи до каде е истрагата за бегството на екс-премиерот Никола Груевски.

Но тој не сакаше да открие повеќе детали од истрагата за овој случај.

– Јавното обвинителство тоа ќе го каже. Ако јас истрчам повеќе, тоа ќе значи мое непочитување. Јас го знам тоа што се работи во МВР. Верувам дека Груевски ќе биде екстрадиран во Македонија. Груевски мора и треба да ја отслужи казната и ќе направиме сѐ тоа и да се случи. Сите правни аргументи се на наша страна – рече Заев.

Тој во вечерашната емисија „24 Отворено“ појасни:

– Политичка умисла, намера или слабост, сме имале можности да се договараме со Груевски. Внатрешната истрага и истрагата на обвинителството ќе покаже дали има вина за бегството. Ние знаеме кои ни се службите во Македонија. Ако ги гледаме законите што требало МВР да направи, така и се постапило. Груевски беше во судовите и во Парламентот, никој не му се закануваше, имаше државно обезбедување. За детали не можам да зборувам. Капацитетот за МВР да постапат така, а да не ги нарушат човековите права, се тие. Истрагата ќе објасни како побегнал –  додаде вечерва премиерот Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...