Заев: Сѐ ќе биде појасно по второто сведочење на Верушевски

762

Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање, вели премиерот, Зоран Заев, во врска со сведочењето на поранешниот шеф на УБК, Зоран Верушевски, кој на последното рочиште за „Таргет-Тврдина“ рече дека по неговото приведување „бомбите“ во СДСМ биле „модифицирани и компромитирани.“

– Јас имам, буквално, на дневна основа разговори со моите советници, така и со советникот за национална безбедност, господинот Верушевски. Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и, прво, да нема дилема за никој во функција на тоа. И, втората дилема, којашто се јавува овде, како тоа господата Звонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски дале информација дека материјалите се предадени на Верушевски, а Верушевски вели, на Социјал демократскиот сојуз, вистината е иста. Тие се предадени на Социјал демократскиот сојуз, но задолжено лице во СДСМ е шефот на Комисијата за безбедносни политики на СДСМ, Зоран Верушевски. Така што, тој го гледа повеќе формалниот аспект. Да оставиме вториот дел, на 10 октомври, кога е продолжението на испрашувањето на господинот Верушевски во својство на сведок, да биде сè јасно за граѓаните и за државата – вели Заев во интервју за „Глас на Америка“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...