Заев: Сѐ уште не знаеме дали Груевски е надвор од државата

Во однос на случувањата од петокот кога е донесена одлуката за Груевски, до распишувањето на потерницата, премиерот рече дека, не може да лоцира одговорност кај институциите зашто и во овој случај судот постапил како и во други случаи.

2941

Сѐ уште не се знаеме дали се работи за бегство или не. Да оставиме службите да го решат случајот. Прво треба да се утврди дали Никола Груевски е надвор од државата, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање по денешната расправа по предлог буџетот за 2019 година во Стопанската комора.

Заев рече дека очекува институциите да ја завршат работата без да бидат повредени негoвите човекови права и без повреда на законските процедури и беше дециден дека Владата нема намера да се меша во работата на судот.

Во однос на случувањата од петокот кога е донесена одлуката за Груевски, до распишувањето на потерницата, премиерот рече дека, не може да лоцира одговорност кај институциите зашто и во овој случај судот постапил како и во други случаи.

– Судот и овој случај работел исто како и за другите случаи кога одлуката е донесена во петок секогаш се остава перидот до понеделник да се јави на издржување на казната. Полицијата без налог не смееше ниту да го следи ниту пак да му се доближи на Груевски ниту пак да презема некакви активности, изминатите денови. За тоа постојат судски наредби. Сега има налог за потерница која е распишана. Институциите верувам дека ќе ја завршат работата без да ги повредат неговите права и без да биде повреден законот – рече Заев.

Заев, сепак, потсети дека Груевски треба да ги почитува своите изјави и да се јави на издржување на казната.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...