Заев: Суетата ја оставам на страна, градам пријателство со Бугарија

529

Правам сѐ за да изградам пријателство. Гледате дека моите суети ги ставам на страна, сакам искрено да градам пријателство. Бугарија е партнер на Македонија и тоа го покажа неколку пати и не е во ред тоа да го заборавиме, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали изјавата на бугарскиот премиер Бојко Борисов ја гледа како закана за евроатлантските аспирации на Македонија, објави Мета.

– Апелирам сите заедно да ги тргнеме политичките интереси, голиот популизам и она што навистина нѐ предизвикува да бидеме недоволно внимателни. Договорот со Бугарија го потврдивме преку нашите потписи, но треба тоа да го негуваме и доградуваме и постојано да тежнееме кон градење пријателство кое од обостран интерес на двете земји и двата народи и на генерациите кои што доаѓаат. Треба сите да внимаваме и да придонесуваме во тоа заедничко пријателство – рече Заев кој на прашањето дали двете земји конечно ќе се договорат за Илинденското востание тој одговори дека веќе одбележуваме дел од нашата заедничка историја.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...