Заев: Судството не е истото што Груевски го контролираше

1966

Очекував ослободителна пресуда бидејќи во текот на судењето ги докажавме сите работи, рече премиерот Зоран Заев откако денеска во Кривичниот суд беше соопштена пресудата за случајот „Поткуп“.

– Среќен сум што добив ослободителна пресуда и што конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда – рече Заев.

Во врска со изјавите на Никола Груевски кој зборуваше дека Заев ќе биде ослободен, а тој осуден во случајот „Тенк“, премиерот рече дека Груевски едно време бил добар познавач на судството и оти сега веќе тоа судство не е истото што тој го контролираше.

Одговарајќи на прашања, тој уште една побара ако постои начин институциите да му ја достават снимката од ПИ-мерките или пак, тие сами да ја објават за да се види целосната снимка односно дека не побарал поткуп и за да си го обели образот.

– На трите места каде што е прекината снимката точно ќе се види за што станува збор и како злонамерно било кратењето кога разговараме за цемент, бетон, железо, за плата на работниците… Сѐ што сум правел во Струмица беше транспарентно и на достап на јавноста. Апелирав бизнисмените да бидат пример за граѓаните и да донираат за изградба на црквата – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...