Синоќа, по изгласувањето на уставните измени и по тешките преговори кои резултираа со 81 глас „за“ од пратениците, во пленарната сала на Собранието премиерот Зоран Заев не можеше да ја сокрие широката насмевка и задоволството од епилогот.
Пратениците кои гласаа „за“ и дадоа амин државата да се преименува во Северна Македонија, доколку и грчкиот Парламент го изгласа Договорот од Преспа, станаа од своите фотелји и поитаа кон премиерот, за да си го честитаат завршувањето на овој мачен процес.
Заев пред да замине од собраниската сала, со високо крената рака ги поздрави новинарите кои од галеријата и синоќа, како и месеци претходно го следеа развојот на настаните и со месеци известуваа за текот на создавање и на изгласување на уставните измени кои произлегоа од Договорот од Преспа, за менување на името на државата.
Photo: EPA-EFE/Georgi Licovski