Заев со сопругата Зорица на гости кај Курц, па на бал ГАЛЕРИЈА

4537

Премиерот Зоран Заев, кој денес имаше средба со канцеларот на Австрија Себастијан Курц во Виена, вечерва, заедно со сопругата, како негов гостин присуствуваше на Виенскиот бал.

На својот профил тој напиша:

„Секоја посета на Австрија ми претставува задоволство. Благодарност до канцеларот Sebastian Kurz, но и до Владата на Република Австрија за сѐ што направиле и прават за Република Северна Македонија и Западен Балкан“.

Премиерот Заев е единствениот коj Курц годинава го поканил како негов гостин на престижниот бал. Лани гостинка на Курц беше сомалиската авторка, активистка за човекови права и поранешен модел Варис Дирие.

На попладневната билатерална средба премиерот му се заблагодарил на канцеларот Курц и на Владата на Австрија за се што направиле за Северна Македонија, но и за целиот регион.

Курц истакнал дека и натаму ќе и ја дава потребната поддршка на Северна Македонија и дека средбата со Заев уште еднаш го покажува и го докажува пријателството меѓу двете земји.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...