Премиерот Зоран Заев по сведочењето за предметот „Таргет Тврдина“ објасни како ги селектирале материјалите кои биле на албански јазик.
Според Заев, кога ќе фателе како Али Ахмети зборува со Груевски, тој зборувал на македонски јазик. Така и ги селектирале. Како пример го наведе случајот за дивоградбата во Чаир. Разговорите пак, кои биле само на албански јазик, а биле во тој период се преведувале за да се види дали се однесуваат на даден случај.
– Тогаш Груевски вели на Заев му се црвени очите, оти слушалките ги става на очите наместо на ушите. Точно е моите очи беа црвени оти не спиев цела вечер за да комплетирам материјали и во таков еден материјал тоа што можевме да селектираме го преведувавме од албанските политичари – рече Заев.