Заев со нашите историчари: Владата e посветена на Договорот за пријателство со Бугарија

Денешните разговори се во рамки на тековните консултации во однос на работата на Комисијата пред утрешната средба со нивните бугарски колеги во Охрид.

403

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска имаше средба со нашите историчари, членови на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, на која беа присутни и претставници од Министерството за надворешни работи и Кабинетот на премиерот.

Денешните разговори се во рамки на тековните консултации во однос на работата на Комисијата пред утрешната средба со нивните бугарски колеги во Охрид.

На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...