Заев: Со влегувањето во ЕУ излегуваме на 500-милионски пазар

114

Македонскиот премиер Зоран Заев на својот профил на Фејсбук повторно излезе со став околу придобивките од влегувањето на Македонија во Европската унија, овојпат за зголемувањето на животниот стандард за граѓаните.

„Со влегувањето на Република Македонија во ЕУ ќе имаме повисок животен стандард. Со влегувањето во ЕУ се приклучуваме на пазарот од 500 милиони потрошувачи. Ќе имаме зголемен извоз и економски раст“, напиша синоќа премиерот Зоран Заев на својот ФБ профил.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...