Заев: Следна цел е датум за преговори во јуни (ВО ЖИВО)

Одлуката за добивање датум за преговори на Самитот во јуни е нашата следна цел., рече Заев.

332

Владата уште поенергично ќе ги води реформските процеси за во јуни Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави перемиерот Зоран Заев утрово на заедничка прес конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

– Подготвени сме за нов чекор напред. Чистата препорака е силен мотив за следната тешка, но достижна цел. Одлуката за добивање датум за преговори на Самитот во јуни е нашата следна цел. Цврсто сме определени да спроведеме суштински реформи. Ќе определиме нов план за реализација на реформите до крајот на 2018. Извештајот на ЕК ги вреднува сите наши почнати заложби што се одлика на една демократски ориентиранa држава – изјави Заев кој за ова го информирал и Хан на утринската средба.

Тој се заблагодари на сите граѓани за овој успех. Комесарот Хан им честиташе на Владата и на опозицијата, како и на сите граѓани за овој успех и му го предаде Извештајот на премиерот Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...