Доаѓам од Берлин, по средбите со германската канцеларка Меркел и францускиот претседател Макрон, имаме големи пријатели во Европа, не само што оваа година ќе бидеме дел од НАТО, туку ова лето нашата замја ќе почне преговори и со ЕУ. Да продолжиме по вистинскиот пат. Да ја дигнеме и гордоста на Илинден, и овде да се слави победата, како во целата земја, рече претседателот на СДСМ Заев на средбата со граѓаните на Илинден.
Тој повика на масовна поддршка на Стево Пендаровски, бидејки, како што рече, „доста ни беше од фрустрации, кочници и кризи”.
– Доаѓа добро време, донесовме крупни храбри одлуки, ги отворивме перспективите, денес имаме држава загарантирана од цел свет, со признаен Македонски народ и македонски јазик од цел свет, на пат сме кон ЕУ и НАТО, тоа значи стабилност, но значи и економски развој. Ни треба претседател кој води Заедно и Напред, знам дека ќе го избереме Стево Пендаровски и ќе продолжиме Заедно Напред, порача Заев во општина Илинден.