Заев се слушна со Столтенберг

701

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, кој изрази комплименти, поддршка и честитки за успехот во понатамошна имплементација на Договорот од Преспа, соопштуваат од Секторот за односи со јавноста од Владата на Република Македонија.

– Генералниот секретар на НАТО ја поздрави храбрата, голема и државничка одлука на пратениците. Тој му пренесе на премиерот Заев дека во НАТО се среќни што Република Македонија продолжува напред. Додаде дека во таа насока испраќа честитки и за успешно завршените пристапни разговори за членство во алијансата на 18 и 19 октомври во Брисел. Порача дека НАТО останува фокусиран на завршување на процесот на интеграцијата на земјата во сојузот – се вели во соопштението.

Заев се заблагодарил на честитките, се согласил дека пратениците ги надминале партиските разлики за добро на државата и донеле голема и важна одлука.

– Премиерот Заев во телефонскиот разговор истакна дека одлуката во Собранието на РМ е силен импулс Република Македонија да продолжи силно напред, дека охрабрувањето, поддршката и пријателството од НАТО сојузниците ќе има позитивно влијание да се зголеми мнозинството кое ја поддржува имплементацијата на Договорот од Преспа. Тој информираше дека се очекува просецот да заврши во јануари, по што Република Македонија ќе може да го заземе заслуженото место во НАТО – се наведува во соопштението.

Заев информирал дека паралелно продолжуваат да се спроведуваат реформите, вклучително и реформите на безбедносниот сектор, дека институциите во земјата имаат капацитет да ги спроведат сите потребни обврски што доаѓаат со полноправното членство во НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...