Заев се надева дека Парламентот ќе донесе историска одлука

389

Премиерот Зоран Заев се надева дека Парламентот ќе носи историски одлуки и дека нема да се одложува процесот и да се губи време.

Ова тој го истакна денеска на дискусија на Форумот за граѓанско општество „Вклучување на граѓанското општество во Берлинскиот процес“.

– На целиот Балкан дојде ново време. Сите сфаќаат дека ѕидовите само го попречуваат подобриот живот. Политиката треба да ги прави чекорите. Изградивме мост со Бугарија, па сакавме и со Грција – рече Заев.

Тој додаде дека за 17 отсто е зголемена трговијата со Грција а за 12 отсто со Бугарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...