Премиерот Зоран Заев на Фејсбук упати честитка за премиерот на Етиопија, Аби Ахмед кој ја доби Нобеловата награда за мир,.
„Нобеловата награда за премиерот Аби Ахмед е заслужено признание за неговиот придонес за ставање крај на 20 годишната војна меѓу Етиопија и Еритреја и е инспирација за сите“, вели во објавата македонскиот премиер.
Тој вели дека е благодарен на добитничката на Нобеловата награда за мир, Уидед Бушамауи, која заедно со ФОН Универзитет ги номинирале со поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, за годинешната Нобелова награда за мир.
„Договорот од Преспа го создадовме како обврска кон нашите народи и како порив за трансформација на Балканот во извор на соработка и заедништво. Останува мојата и заложбата на Владата на Северна Македонија, со поглед напред, а не назад, за градење долготраен мир, стабилност и просперитет за граѓаните на нашата земја и за граѓаните од регионот“, стои во пораката на Заев.